Уапсени дрвокрадци во демирхисарско, ги пустошеле околните шуми

Вчера СВР Битола во координација со Шумската полиција успеала да уапси двајца дрвокрадци од с. Слоештица кои ги пустошеле околните шуми. Кај нив биле пронајдени огревните дрва кои ги исекле. По документирање на случаите, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава велат од МВР.

„На 10.04.2024 на место викано „Зад Пеливар“, атар на с.Слоештица, демирхисарско, полициски службеници од СВР Битола - ОВР Демир Хисар во координација со Шумска полиција го лишиле од слобода А.В.(44) од с. Слоештица затоа што кај него биле пронајдени огревни дрва без документација.

Истиот ден, во с. Слоештица, полициски службеници од СВР Битола - ОВР Демир Хисар во координација со шумска полиција го лишиле од слобода Т.Д.(58) од с.Слоештица. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени моторна пила, огревни дрва, тракторска приколка и 220 вреќи ќумур, за кој постои сомнение дека е предмет на претходно извршено кривично дело. По документирање на случаите, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава“.