Вчера околу 13.00 часот во атарот на с.Шашаварлија, општина Карбинци, полициски службеници од СВР Штип во содејство со шумска полиција ги лишиле од слобода С.Н.(30) и двајца малолетници, тројцата од Штип.
Тие биле забележани како со патничко возило лада без регистарски таблички превезувале дрва без документација, при што едно од лицата фрлило тврд предмет и го оштетило службеното полициско возило. По целосно документирање на случајот против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.