Фрлале дрва од товарното возило за да ги спречат и да им побегнат на полицајците: кривична за дрвокрадци од Штип

СВР Штип поднесе кривична пријава против Љ.Д.(44) и Б.Џ.(45), двајцата од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“.

Имено на 23.10.2023 во село Кошево, полициски службеници од СВР Штип, Шумска Полиција и ЈП Национални шуми – „Серта“ од Штип ги забележале пријавените со товарно возило во кое имало огревни дрва.

Тие со возилото се дале во бегство и притоа од возилото фрлале дрва за на тој начин да ги спречат службените лица да ги престигнат, односно да ги извршат службените задачи.