Уапсен Кумановец, организирал внес и продажба на дрога во затворот во Куманово

Вчера во Куманово, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово го уапсиле Љ.А.(41) од Куманово.

Тој се сомничи дека на В.М. од Куманово и Ш.Ш. од Радовиш, осуденици во Казнено-поправната установа Затвор К’шање, им организирал внесување и продажба на дрога.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.