Претрес во Куманово, кај 40 годишен кумановец пронајдени дрога и куршуми

Вчера во 1:25 часот уапсен е А.Т.(40) од Куманово од страна на полициски службеници при СВР Куманово, откако при претрес во неговиот дом извршен со судска наредба му пронашле 15 куршуми, марихуана и масло од хашиш.

Од МВР велат дека откако ќе го документираат настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.