Маж почина во „8 Септември“, се повредил при извршување градежни работи

Кумановец донесен повреден во болница, а подоцна им подлегнал на повредите. 

- На 29.02.2024 во 23.05 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „8 Септември“ било пријавено дека околу 12.00 часот кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Ч.В.(63) од Куманово, кој во 22.00 часот починал. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување на градежни работи на подрачјето на Чаир, соопшти полицијата. 

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција. Се работи на расчистување на случајот.