Уапсен Бразилец во центарот на Скопје, му пронашле марихуана

Од МВР известуваат дека вчера во 22.00 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ч.В.В.П.(21) од Бразил затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.