Твитер реакции по опожареното возило: Само Груби не знае дека имал Ауди

Пред неколку дена беше опожарено возило кое се поврзува со вицепремиерот Артан Груби, иако тој вели дека не е негово, туку на сосед.

Ова беше главна тема на Твитер, каде што имаше голем број реакции на твитерџиите.

- Му ја запалиле колата на Груби. Ја немал на анкетен кажи дека е на пријател. Абе сумљиво ова со пријател кажи на комшијата, пишува еден твитерџија.

- Што вика Груби, негово било возилото ама всушност не било (од коа му текна дека не го пријавил во анкетен), вели „ТвитеротНаАнаФранк“.

- Само Груби не знае дека имал Ауди А6, објави „Лудиот Макс“.