Груби зборува за Македонците како да му се непријатели, а не сограѓани, вели Муамеди

Умејр Муамеди преку неговиот профил на Фејсбук го коментираше гостувањето на Артан Груби во една косовска телевизија.

- Го следам Артан Груби во Косовската телевизија „РТВ Дукаѓини“ како им објаснува на Косоварите дека Македонците (како етникум) имаат страв од Бугарите, од Грците, од Албанцие итн од можни територијални поделби и генерално ги претставува Македонците како фобична нација, триумфалистички го покажува тоа дека клучните позиции им се земени на Македонците, но не и калот и лошата инфраструктура по албанските населени места, дека на него шеф му е Али Ахмети а не Димитар Ковачевски и многу други шовинистички муабети (нешта што не одат ниту во прилог на албанците ниту во прилог на македонците а на штета на сите). Значи заменик премиерот на Македонија (за него северна) за Македонците збори како да му се непријатели а не сограѓани.

Во вакви моменти Премиерот треба да излезе и да даде оставка бидејки кога твојот заменик така се претставува треба да му биде срам а не привилегија дека е Премиер. Македонија и официјално нема премиер односно има „Британска Кралица“. Премиер а де факто премиер е Артан Груби, напиша Муамеди.