Секоја година британскиот PostOfis истражува на која летна дестинација може да добиете најмногу за својот буџет.
Годинава истражуваа 36 дестинации ширум светот и ги споделија цените на храната, пијалоците и другите намирници кои туристите ги користа за време на летниот одмор.
Истражувањето покажа дека Турција и Бугарија се најисплатливи.
Цените се пристапни во двете земји, но падот во Мармарис од 37% на повеќето цени, сепак го става на прво место, пред Сончев Брег на Црното Море.
Алгарве во Португалија е на третото место, додека Пафос на Кипар е на четвртото место.
Хрватската е рангирана на 17 место, додека Грција е на 18. место.
Рејкјавик, Барбадос и Дубаи дефинитивно се најскапи дестинации, а сезонава таму има раст од 20% на цените.