Силен земјотрес ја погоди Турција: Луѓе скокале од прозорец (Видео)

Утринава, во 8.44 часот, Турција ја погоди земјотрес од 5,5 степени во градот Адана и беше почувствуван од соседните градови.

Турските власти информираа дека неколкумина се повредени, но нема загинати и големи материјални штети.

- Во градот Османије две лица скокнале од терасата на својата куќа во моментот на земјотресот, при што се пренесени во болница и не се во животна опасност, пренесоа властите.

На интернет-платформите се појавија видеа од моментот на земјотресот.