Три прашања кои треба да си ги поставите ако мислите дека сте во токсична врска

Ако времето поминато со партнерот ви носи немир и лошо расположение, можеби е време да се запрашате за каква врска станува збор.

Photo by Kelly Sikkema on Unsplash

Не е секогаш лесно да се даде одговор на прашањето дали сме во токсична или здрава врска, бидејќи некогаш и двете страни имаат своја улога во љубовниот однос. Освен тоа, секоја врска минува низ различни фази. Но, постојат три прашања кои можете да си ги поставите за полесно да дојдете до одговорот.

Како се чувствувате околу саканата личност?

Ова е одлично прашање, кое ќе ве поттикне да размислите за вашите заеднички средби во период од неколку месеци. Пробајте да размислите како се чувствувате кога минувате време со саканата личност. Какви чувства имате покрај нив? Дали се чувствувате смирени во нивно присуство?

Како врската влијае на вашата самодоверба?

Дали имате генерално добро чувство на благосостојба кое е поттикнато од љубовта кон саканата личност? Како односот со таа личност влијае на вашата самодоверба? Ако вашата самодоверба е на многу ниско ниво, тогаш тоа е причина за грижа и нешто што добро треба да го размислите.

Дали се плашите од партнерот?

Не мора да станува збор за физичко насилство или пак друг вид насилство или страв. Едноставно размислете дали се чувствувате слободно и сигурно да споделите ставови, да направите нешто и да бидете свои во врската. Ако морате да се менувате себеси покрај партнерот, тогаш тоа е уште еден знак дека не сте во здрава врска. 

Имајте на ум дека ако постои простор за разговор и личноста сака да се смени, односно да поправи одредени аспекти од однесувањето, тогаш можни се промени и подобрување на врската. Но, кога тоа не е така, тогаш можеби е време за дефинитивен крај и нов почеток.