Трагедија: Загина 58-годишен возач откако со возилото излета од пат

Вчера се случи тешка сообраќајна незгода во која едно лице го загуби животот.

- На 17.07.2023 во 13.15 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на регионалниот пат Битола-Кичево, кај с.Кладник, Г.С.(58) од Кичево, управувајќи патничко возило „лада самара“ со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал надвор од коловозот, соопшти МВР.

Како што информира МВР, на местото на несреќата возачот починал, а смрт констатирал лекар од Медицински центар Кичево.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кичево.