Трагедија: Загина 45-годишен возач во ресенско

Утрово се случила тешка сообраќајна незгода во која едно лице го загубило животот.

-На 10.06.2023 во 04.05 часот во Полициската станица Ресен било пријавено дека на регионалниот пат Макази - Маркова Нога, пред с.Подмочани, ресенско, патничко возило „мерцедес“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од А.Р.(45) од Ресен, излетало од патот, соопшти МВР.

Како што информира МВР, од здобиените повреди на местото починал возачот А.Р., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Увид извршиле екипа од Полициската станица Ресен и јавен обвинител.