Потресна приказна на мајката на 2-годишното дете што почина: Ми ја донесе, ми рече само малце ја удрив, не ми кажа што и како

 

Мајката на двегодишното дете кое почина после 22 дена на скопските Клиники, а кое беше претепано од својот татко за порталот “Порталикс“ раскажува за трагичниот настан. Таа раскажува дека детето било донесено заедно со вода за освестување, а кога не успеала да го донесе при свест го однела во болница. За својот маж кажа дека и рекол дека само малку го удрил

- „Ми ја донесе, ми рече само малце ја удрив, не ми кажа што и како. Ми наполна вода да ја освестам оти овие сами беа дома (другите деца). Ја освестував, не можев, ја однесов во болница. Ме има и мене удрено, еднаш се изнервирав, го пријавив, три месец и си дојдов ради децата“, вели мајката на двегодишното дете

Семејството кое има седум деца живее во близина на мајката на убиецот која минатата деновиве исто така збореше пред камера.

„Ќе го средев, ќе го одлежев. Сопствен син јас ќе го одлежев. Ама за овие децата толку ми е тешко. Ве молам, не можам ни да зборам више. Не можам. Ова е лоша работа за една изгорена мајка“, вели мајката на лицето кое си го уби сопственото дете.

Обвинителот од Кичево кој ја води истрагата уште не го знае мотивот. Нема одговор ниту на прашањето дали таткото признал вина пред обвинител.

Инаку овој настан длабоко ја потрсе македонската јавност откако се дозна дека на скопските клиники почина 2 годишно девојче откако таткото го претепал. На почетокот изјавите на фамилијата биле дека детето повредите ги заработило откако си играло, за подоцна да се дознае дека било претепано од сопствениот татко. Овој случај дополнително предизвика невиден бес кај јавноста откако се откри дека таткото имал дури 50 кривични пријави. Многу овој настан го оквалификуваа како тотално потфрлување на институциите на системот.