Трагедија во Охрид: Во нејзиниот дом пронајдена мртва инспекторка

Голема трагедија ги потресе охриѓани. Откако неколку дена ја немало, вчера во нејзиниот дом е пронајдена мртва полициска инспекторка, која охридските медиуми ја идентификуваа дека се вика Марија.

Како што пишува „Охридскај“ починатата Марија неколку дена не излегувала од својот дом и не одговарала на телефонски повици поради што имало пријава во Полициската станица во Охрид.

На лице место излегле Јавен Обвинител од ОЈО Охрид и припадници на Криминалистичка Полиција, но првично не се знае дали станува збор за природна смрт, насилство со смртни последици или самоубиство.