Тие 200 милиони за пензионерите може да се земат од администрацијата на Владата, смета професорката Најчевска

Професорката Мирјана Најчевска смета дека пари за пензионерите има, само, како што вели треба да се распоредат. 

- Тие 200 милиони за пензионерите може да се земат од администрацијата на Владата (за која се издвојуваат над милјарда денари), и со укинување на бесмисленото министерство за политички систем и односи меѓу заедниците кое влечи над 200 милиони денари. Или, пари има, само треба да се распоредат. Така? - објави Најчевска на нејзиниот фејсбук профил. 

Многумина го поддржаа нејзиниот став. 

-Немањето приоритети е првиот најголем проблем, вториот е крадењето. Инаку, пари има повеќе од доволно, се согласија со неа. 

- За Владата се издвојуваат: 13.893.173.000 денари. Ова е најголемо издвојување во изминатите години. За министерството за политички систем 251.689.000 денари, додава таа во коментар.