Професорката Најчевска за повисоките плати: Само мали деца се лажат на вакви ветувања

Професорката Мирјана Најчевска во став во однос на ветувањата на СДСМ во пресрет на изборите дека платите и натаму ќе растата. 

На партиската трибина од Струмица, претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски вети дека во новиот мандат на СДСМ е просечната плата да достигне 1000 евра, додека минималната да биде 600 евра, а во план е и зголемувањето на пензиите. 

Најчевска со остра реакција: 

- Само мали деца се лажат на вакви ветувања. Полнолетните луѓе со деловна способност размислуваат со своја глава и рационално ги одмеруваат опциите од кои избираат. Јас на пример би можела да ветам е дека би се борела за воведување правила, процедури и критериуми кои ќе важат за сите еднакво, пишува таа во својата фејсбук објава. 

- За намалување на функционерските привилегии, а зголемување на нивната одговорност. За граѓанска држава во чиј центар е граѓанинот и неговите потреби, додава таа.