Најчевска: Нема основа за разрешување на директорите на М-НАВ, има основа за нивно апсење

Во врска со случувањата во М-НАВ со свој став се јави и професорката Мирјана Најчевска. Таа напиша дека нема основа директорите на М-НАВ да бидат разрешени туку целокупното раководство на ДУИ, сите министри, јавни обвинители и раководен кадар на ДУИ треба да се уапсат.

- „Се согласувам. Нема основа за разрешување на директорите на М-НАВ. Има основа за апсење на директорите на М-нав, целокупното раководство на ДУИ,сите министри, директори, судии, јавни обвинители и раководен кадар во полиција поставени од ДУИ. Како за почеток.“ напиша Најчевска на Фејсбук.