Несреќа во скопско: Малолетник со тротинет се судри со „фиат“, тешко е повреден

Малолетник е тешко повреден во сообраќајка во скопско. 

- На 11.04.2024 во 17.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„21“ во село Мојанци, општина Арачиново, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Б.(36) од с.Сингелиќ, скопско и електричен тротинет, управуван од малолетник од с.Мојанци.  Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, информираа од МВР. 

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.