Тешко повреден охриѓанец, со мопед излетал од пат

Вчера во 12.50 часот било пријавено дека во с.Велгошти-охридско мопед „томос“ без регистарски таблици, управуван од Т.К.(54) од Охрид, излетал надвор од коловозот.

Во несреќата возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид, соопшти полицијата