Со мопед се забиле во паркирано возило, со тешки повреди се пренесени во болница

На регионалниот пат Велес- Градско вчера било пријавено дека мопед се забил во паркирано возило. Повредени се возачот и неговата сопатничка на мопедот кои со тешки повреди се пренесени во болница.

„На 19.03.2024 во 16.25 часот во СВР Велес било пријавено дека на регионалниот пат Велес – Градско, мопед „кимко“ со велешки регистарски ознаки, управуван од Т.С.(30) од Велес, удрил во паркирано патничко возило „бмв“, паркирано од Д.Т.(32) од Велес.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот Т.С., а со телесни повреди се здобила сопатничката на мопедот Е.С.(24) од Велес, констатирани во болницата во Велес. По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес“.