Tешко повреден маж од Неготино, изгубил контрола врз мопедот и паднал на коловоз

Вчера, околу 9 часот, во Полициската станица Неготино било пријавено дека на улицата Маршал Тито во Неготино, 52-годишниот Д. Г. од Неготино, управувајќи мопед „кимко“, без регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот, извести МВР.

„Во несреќата Д. Г. добил тешки телесни повреди констатирани во болницата во Неготино“, соопшти МВР.

Увид на местото извршила екипа од ОВР Неготино.