Тешка сообраќајка во Скопје: Прегазено девојче на пешачки во центар (ФОТО)

Околу 22 часот вечерва, на булевар Климент Охридски возило марка „голф 4“ со скопски регистарски ознаки прегази девојче, потврдуваат од МВР.

-Сообраќајката е пријавена во 21:50 часот. Прегазен е пешак-девојче кое е пренесено на Ургентниот центар“, велат од МВР. Тие додаваат дека увидот сѐ уште трае, дополнително ќе бидат утврдувани причините поради кои дошло до сообраќајната незгода.

Девојчето според информации на СкопјеИнфо веќе се наоѓа во Ургентниот центар и е во стабилна состојба. Во моментот се утврдуваат повредите со кои се здобила, по што ќе бидат направени дополнителни испитувања.

Вечерва, уште една сообраќајка незгода го потресе Скопје. Прочитајте тука.