Прегазено 5 годишно дете, со тешки повреди пренесено во Ургентен

Пет годишно детенце вчера околу 12 часот било прегазено од „Застава 101“.

Возилото управувано во Е.Н. (40) удрило во детето на улицата „Јустинијан Први“ во Скопје. Пет годишното дете било пренесено веднаш во Ургентниот центар.

Лекарите контатирале тешки повреди, фрактура на черепот и левата нога, детето не е во животна опасност, но задржано е на понатамошно лекување.