Таа е силна затоа што успеала да ја преживее суровоста на овој свет и сѐ уште стои на нозе...

Таа е страсна жена со силна волја која не дозволува ништо да влијае на неа. Таа минува низ животот решавајќи ги сите проблеми: скршено срце, неуспешните врски, разочарувањата, грешките... А сепак, на нејзиното лице можеш да видиш огромна насмевка, како никогаш ништо да не се случило.

Таа е жена која веднаш ќе ве расположи со својата прекрасна насмевка. Девојка која го разубавува вашиот ден и изгледа како да има бесконечна количина на љубов во себе.

Жената која го носи целиот товар на овој свет изгледа како воопшто да нема грижи. Луѓето ја гледаат и мислат дека таа има сѐ. Велат дека си го наредила животот, затоа што е силна и успешна. Но, не ја знаат маската која таа одлучила да ја носи. Да, можеби делува дека таа има цврсто срце и „Јас можам сѐ“ став, но тоа е само една страна од неа, страна која таа дозволила луѓето да ја видат. Таа делува неуништливо, но ниту една личност не знае што носи во срцето и никој никогаш не би можел да ја поднесе болката која таа ја носи одвнатре.

Сите ја гледаат преку ден, со нејзината убава и ветувачка насмевка, додека уште има енергија да се преправа. Но, никој не знае како изгледа и како се чувствува навечер, кога после цел ден борба да остане присебна, конечно ќе се сруши на кревет, а нејзините ноќни кошмари ќе почнат да се појавуваат. И тоа само затоа што никогаш нема да дозволи некој да ја фати во момент на ранливост.

Секогаш ќе биде покрај тебе за да ти помогне кога се чувствуваш тажно, но кога ќе почувствува болен нагон за плачење, само ќе ги проголта солзите додека не биде во можност да нурне во својата самотија и да ја пушти болката на површина. Секогаш кога светот ќе стави преголем товар на нејзините рамена и таа се наоѓа на работ на прекршување, таа ќе најде начин да се извлече. Повеќе сака да страда во тишина. Затоа што премногу се плаши да ги покаже своите недостатоци пред суровиот свет. Премногу се плаши да ја соголи својата душа и да ја открие пред другите.

Луѓето ја опишуваат како најгласната и најсреќната девојка. Тие ја сметаат за светлина во својот живот. Девојка која може да ги реши сите проблеми. Сите доаѓаат кај неа за совет. Затоа што таа секогаш е онаа која знае што треба да прави. Очекуваат секогаш да биде совршена, затоа што не може ништо да ја помести од место. А таа секогаш помага кога може и дава утеха кога има простор за тоа, иако само сака да врисне и да им каже на сите дека не може сѐ да постигне сама. Но, таа се воздржува и слуша. Таа разбира, таа се труди да биде добар пријател.

И во истата секунда кога ќе се врати дома, сите несигурности, стравови и внатрешни демони излегуваат на површина. Колку и да сака да ја остават на мир, таа ги мрзи тие меланхолични, полноќни часови, затоа што тогаш, сите демони кои ги крие го покажуваат своето вистинско лице. Иако нејзиниот сјаен оклоп е неуништлив, нејзините чувства ја уништуваат одвнатре. Нејзините несигурности ја уништуваат нејзината самодоверба, нејзините стравови ја убиваат нејзината последна надеж дека ќе пронајде среќа, а нејзините демони прават да се чувствува безвредно. Бескорисно. Како нула.

Но, таа не сфаќа дека навистина е силна. Таа е моќна и храбра. Таа секој ден се бори и одлучно се движи напред. И покрај сите проблеми и целата тага. И покрај сѐ, таа сепак наоѓа начин наутро да стане, да ја извлече надежта на површина и да стави насмевка на лицето. Таа е силна затоа што успеала да ја преживее суровоста на овој свет и сѐ уште стои на нозе.

А тоа бара многу храброст!