Свечена церемонија за прием на 130 професионални војници во редовите на АРМ

Свечена церемонија за прием на 130 професионални војници во редовите на АРМ ќе се одржи денеска во касарната „Илинден“ во Скопје.

Станува збор за третата група од вкупно 375 професионални војници примени во АРМ оваа година.

На церемонијата ќе се обрати министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.