Свечена церемонија за прием на професионални војници во АРМ

Свечена церемонија за прием на 125 професионални војници во редовите на Армијата на Република Македонија ќе се одржи денеска во касарната „Илинден“ во Скопје.

На церемонијата, свое обраќање ќе има заменичката на претседателот на Владата и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска.