Сугарески: Граѓаните да бидат спокојни - ќе има евтини летови

Она што сакам да го потенцирам е дека ние како Влада и како Министерство за транспорт и врски остануваме доследни на мерката за финансиска поддршка за авиокомпании кои ќе понудат нови дестинации за македонските граѓани.

Да бидам директен. Евтини летови ќе има, и тоа оваа Влада ќе го исполни водејќи сè исклучиво од интересот на граѓаните на Република Македонија, но процедурата и правилата мора да се почитуваат.

Граѓаните да бидат спокојни. Владата процени дека стратешки интерес на Република Македонија е покрај скопскиот аеродром, системски да го развива и охридскиот аеродром. Затоа и во јавниот повик побаравме потенцијални корисници на финансиска поддршка да воведат четири нови линии од охридскиот аеродром во 2019 година. Исто така сакам да нагласам дека средствата се веќе предвидени во буџетите за следните три години, односно 2019-2020-2021 година. Тие пари се на граѓаните и  ќе сториме сè што е во наша надлежност за да овозможиме за овој јавен повик да успее.Но морам да споменам уште еднаш, дека мерката ќе се реализира согласно со јасно утврдени процедури и критериуми и исклучиво во интерес на граѓаните, додаде тој.