Субвенции на струјата од страна на Владата ќе има до 1 јули, цената нема да се зголемува на првиот и вториот блок

До 1 јули ќе има субвенција од страна на Владата директно преку ЕСМ со утврдување на нивната цена со која се продава електричната енергија и нема да има зголемување на цената во првиот и вториот блок, изјави министерот за економија, Крешник Бектеши. Тој притоа посочи граѓаните да бидат спокојни дека нема да има зголемување за првиот и за вториот блок, спротивно, ќе има намалување на давачката за дистрибутивната мрежа.

- “Како Влада секако дека субвенциите ги даваме индиректно преку работењето на ЕСМ со утврдување на цената на ЕСМ што ја нуди за универзалниот снабдувач и така ќе продолжиме до средината на оваа година кога треба да се донесе и новата одлука за цената на ЕСМ, која ќе ја дава до универзалниот снабдувач, а кој е и снабдувач за сите домаќинства и мали потрошувачи. Ова значи дека до 1 јули ќе има субвенција од страна на Владата директно преку ЕСМ со утврдување на нивната цена со која се продава електричната енергија“, рече Бектеши.