И денеска дел од битолското градско подрачје како и населените места Долно Оризари и Карамани се без електрична енергија. Како причина од ЕВН наведуваат дефект во трафостаницата “Битола 3“
Од ЕВН Македонија за МИА информираат дека екипите веднаш излегле на терен, но дека дефектот е комплексен.
- “Снабдувањето со електрична енергија се нормализираше уште вчера, а дел од корисниците, за жал, се уште се соочуваат со прекин во снабдувањето бидејќи дефектот е многу комплексен. Екипите се уште работат на санација на овој дефект од посериозни размери, соопшти Вјоса Селими“, портпарол на ЕВН Македонија.
Се очекува во текот на денот снабдувањето со електрична енергија да се нормализира