Ако не трошиш струја, плаќаш глоба, ако трошиш многу ќе биде скапа - Трајков праша на основа на што ќе ја поскапуваат струјата?

Новото поскапување на струјата најавено за по Нова година и новите давачки за потрошувачката на струја кај домаќинствата наидоа на голем револт кај граѓаните. 

Петар Трајков со став на темава која очигледно повторно ќе „удри“ по џебот на Македонците: 

- Ако не трошиш струја, плаќаш глоба која ја нарекоа „такса за мрежарина“. Ако пак трошиш повеќе, плаќаш поскапа струја оти одиш во „повисоки блокови“. Кој да ги разбере? Угоре високо, удолу длабоко. Да не заборавам: до пред некој ден велеа дека струјата ќе поскапи оти Бугарите воведоа такса за пренос на гасот. Еве, ја укинаа таа такса и сега на основа на што ќе ја покачуваат струјата? Патем, ние произведуваме струја со јаглен а ова „ТЕТО“ си е приватна фирама која струјата произведена со гас, си ја продава на слободниот пазар. Ама тоа со мрежарината и блоковите се аргументи, а не шега, пишува тој во својата фејсбук објава.