Стојкоски: Нема човечки жртви, гори приватен објект во Ѓорче Петров

Голем пожар изби претпладнево во казино во Ѓорче Петров, а на лице место интервенираат пет возила на Противпожарната служба.

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски кажа дека нема човечки жртви, а гори покрив на приватен објект, објави „А1он.мк“.

На терен се и полициски службеници кои ги пренасочуваат сообраќајот.