Бидете претпазливи, пожар на патот Битола – Прилеп

Пожар избил покрај патот Битола - Прилеп во близина на местото викано Вашарејца, по што сообраќајот е отежнат за движење во двете насоки.

Се препорачува внимателно возење затоа што од густиот чад не се гледаат автомобилите од соседната лента.