Герасимовски: Да не се шират шпекулации се додека не се добијат информации за причината за пожарот

Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски апелира да не се шират шпекулации додека не се добијат официјални информации за која е причината за настанување на пожарот. Тој притоа додаде дека не постои опасност за другите објекти.

„Пожар избувна во Универзална Сала при што веднаш се упатив на терен. Во моментов екипите на противпожарната бригада го гаснат и пожарот е локализиран. Не постои опасност по другите објекти во близината. Според првичните информации немало никој во зградата. Апелирам граѓаните да го избегнуваат овој дел од градот додека трае интервенцијата. Исто така апелирам да не се шират шпекулации додека да се добијат официјални информации што е причината за пожарот“, напиша Герасимовски.