Стојкоски на фејсбук: Навремено се исчистени сите критични места во Општина Ѓорче Петров

Градоначалникот на скопската општината Ѓорче Петров на својата фејсбук страна објави информација дека екипите за зимско одржување во текот на нoќта и утрово се на терен. 

- Навремено се исчистени сите критични места во Општина Ѓорче Петров со цел непречено одвивање на сообраќајот. Внимаваме сите патишта да бидат проодни и безбедни за сите жители, напиша Стојкоски во објавата. 

Тој апелираше до возачите да внимаваат во сообраќајот и брзината да ја усогласат со условите на патот.