Стојковски: Еве кој е против тоа Ѓорче да биде урбано

Градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојковски на социјалните мрежи објави видео во кое како што тој кажува граѓанските активисти кои повикуваат на протест се партиски активисти на СДСМ.

“На лагата и се кратки нозете  Обично, лично не реагирам на неосновани напади кои имаат една цел - ефтини политички поени, но овојпат мора да искоментирам.  Ова е она кога имаш проблем со идентитетот. Или пократко кажано: дал сум советник, дал сум граѓански активист. Непартиски.

Ама едно е сигурно: ако има уште некој на кој не му е јасно, еве кој е против тоа Ѓорче да биде модерно и урбано. И уште посигурно, срамно е да глумите „граѓански активисти“ кои повикуваат на протест, а "граѓаните" всушност се партиски активисти на СДСМ. Да не беше смешно, ќе беше трагично“ напиша Стојковски.