Поставени заштитни столбчиња на една улица во Хром

На барање на жителите на населба Хром, во овој дел од Ѓорче Петров, беа поставени заштитни столбчиња долж улицата Веле Марков, односно на тротоарот кон паркот, каде што во минатото секојдневно се паркираа возила и го узурпираа делот за движење на пешаците.

- Истовремено, спроведовме пролетна акција на полјаната во Хром, каде што беа кастрени дрвјата, беа уредувани зелените површини, а се изврши и целосно чистење. Апелираме до жителите на населеното место Хром, кои што секојдневно го посетуваат ова место, повеќе да внимаваат на одржувањето на хигиената, како и да внимаваат во однос на урбаната опрема, информираше градоначалникот Александар Стојкоски. 

-Во пресрет на неколку пријави на граѓани за замена на улично осветлување, интервениравме на неколку улици во Хром, каде што поставивме ново осветлување, соопшти првиот човек на општината.