Стојкоси и Нелоска со донации за Центарот за помош на лица со ментален хендикеп “Порака”

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, денеска заедно со претседателката на Советот, доктор Ленче Нелоска ги посетија штитениците од Центарот за помош на лица со ментален хендикеп “Порака”-Неготино за каде обезбедија донации-покуќнина и прехранбени продукти.

-Учествувавме на една од нивните ликовни работилници. Задоволство е да се помине утрото со овие лица на кои малку им е потребно за среќа.Новогодишните празници се можност да подаруваме и да си помагаме. Голема благодарност до „Стружанка“ и општествено одговорни компании што ни излегоа во пресрет во однос на донациите кои ги поделивме во центарот, порача Стојкоски. 

Тој рече дека и во иднина ќе работат заеднички на повеќе проекти, со акцент на подигнување на свеста за животната средина, менување на навиките за чистотата и едукација за селекција на отпад.