Македонски синови, почивајте во мир! Стојкоски одаде почит на загинатите кај Смилковско

Градоначалникот на Ѓорче Петров Александар Стојкоски одаде почит на загинатите кај Смилковско Езеро по повод 12 години од големата трагедија

На 12 април 2012 година, на Велики четврток беа убиени четири момчиња на возраст од 18 до 21 година од населбата Радишани, Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски, како и Борче Стевковски, 45-годишен рибар од селото Црешево.  

- Длабока почит за петмината загинати кај атарот на селото Смилковци, чиј споменик на Смилковското Езеро и после 12 години нѐ потсетува на една прерано згасната младост. На местото каде беа убиени четирите момчиња на возраст од 18 до 21 година од населбата Радишани, Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски, како и 45-годишниот Борче Стевковски од селото Црешево, денеска положив цвеќе во нивна чест. Деновиве, но и на кобниот 12 април, не можеме, а да не се сетиме на нив и да не ги споменеме, порача Стојкоски. 

- Немилиот настан нѐ погоди сите до срж. Посакувам никогаш повеќе да не ни се повторат такви монструозни дела. Сочувствувам со нивните семејства и нивните најблиски. Македонски синови, почивајте во мир. Вечна слава, додаде Стојкоски.