Стојкоски: Нема да има ниту една нова фабрика во Ѓорче

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојковски на обвинувањата дека во новите ДУП-ови се предвидени изградба на хемиски фабрики одговори дека во неговата општина нема да има ниту една таква фабрика. Тој посочи дека во тие ДУП-ови предвидено и со генералниот урбанистички план е таму да има лесна и незагадувачка индустрија.

- “Нас овој детален урбанистички план по сите параметри целосно ни е усогласен со генералниот урбанистички план, проблемот во градот е што не знаат да ги читаат плановите кои што самите си ги носат и треба наместо сабајле кога ќе станат да видат со кого ќе се расправаат денес да се фатат за сериозна работа, да седнат да си ги прочитаат ДУП-овите, да си ги прочитаат законите и да не не оставаат на милост и немилост, особено граѓаните на градот Скопје“, вели Стојкоски.