Стефан Богоев нов потпретседател на СДСМ?

Поранешниот градоначалник на Општина Карпош Стефан Богоев ќе биде еден од четворицата избрани потпреседатели на СДСМ, пишува Локално.

Тој на локалните избори во 2017 победи во првиот круг со освоени 57,70% од вкупните гласови. Претходно на парламентарните избори во 2016 бил избран за пратеник на списокот на СДСМ во првата изборна единица.

Социјалдемократите денеска одржуваат Централен одбор на кој се очекува да биде предложено ново партиско раководство и да биде промовиран Советот за креирање и имплементација на политики, со кој би раководел поранешниот пратеник на СДСМ, Игор Ивановски-Шема, што значи повторно негово активирање во СДСМ.