Среде бел ден го нападнал со нож во близина на Транспортниот центар

Денеска во 08.20 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Ѓ.(21) од с.Т`лминци, кривопаланечко. Тој се сомничи дека на 03.03.2024 среде бел ден, пред очите на случајните минувачи во 13.30 часот во близина на Транспортен центар во Скопје со нож го нападнал А.П.(24) од Скопје и му нанел повреди, констатирани Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.