Сообраќајната некултура предизвикува хаос во Скопје

И во зима и во лето - сообраќаен хаос владее во главниот град. Виновни и возачите и пешаците. Ќе се подобри ли некогаш сообраќајната култура во главниот град? 

Сообраќајна некултура, непочитување на прописите, неправилно паркирање и недостиг на полицајци се дел од сообраќајниот хаос во Скопје. Од МВР велат дека едуцираат и казнуваат, но дека свеста кај граѓаните тешко се менува.

Нервозни возачи, свирење, несоодветна брзина за возење, поминување на жолто па дури и на црвено светло на семафорот е сликата која се почесто може да се забележи низ улиците на главниот град. Пешаците ретко се пропуштаат на пешачки премин, мотори возат на пешачки, иако не смеат, тротоарите се узурпирани од непрописно паркирани возила.

Пешаци поминуваат улица каде ќе стигнат. 

Не им е лесно ниту на велосипедистите.

Дека во сообраќајот има голем прекршоци потврдуваат и од полицијата. Непочитување на брзина и на првенство, како и конзимирање алкохол се прекршоци кои полицијата најчесто ги казанува, но има непочитување на правилата и од пешаци.

Сепак според граѓаните полициските акции се повремени. Како примери посочуваат одредени населби како кај пластичарската улица или на Бит Пазар и во Чаир, каде што поради непрописно паркирање на автомобилите на улица се закочуваат цели сообраќајни ленти. Луѓето кои живеат во овие делови на градот велат дека акциите на отстранување на непрописно паркираните возила треба да имаат континуитет и да бидат секојдневни.