Ќе настане сообраќаен хаос: Посебен сообраќаен режим во наредните два дена во Скопје

Утре и задутре (вторник и среда) поради пристигнувањето на поголем број на странски делегации, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото градско подрачје.

За таа цел Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците.