Сообраќајка кај Собрание, се судрија такси и автобус

Сообраќајна несреќа пред малку се случи пред Собранието, во центарот на Скопје. 

Според информации на очевидци се судриле такси возило и автобус. 

Такси возилото е оштетено, а за повредени лица нема информација.

Повеќе детали за сообраќајката се очекуваат во текот на денот од МВР.