Сонце, но со „заби“: Ќе дува и умерен ветер

Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, поизразен вдолж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 13 степени.

Во среда ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, на планините со повремен снег, повеќе застапени во западните делови. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Во петок во источните делови облачноста ќе се зголеми и ќе дува засилен северен ветер. Дневната температура ќе биде повисока, особено во сабота.