Со вклучена сирена и ротациони светла автомобилите ја блокираа Брзата помош (видео)

Возило на Брзата помош беше блокирано од автомобилите на булеварот "Гоце Делчев" кои не регираа на сирената ниту на ротационите светла. Наместо да направат простор за да помине возилото, скопските возачи чекаа да се пушти семафорот.

-Срамота за нас како народ, за спас на нечиј живот секунди се во прашање господ нека е напомош со ваква сообраќајна култура, вели една скопјанка.

-При три ленти на булеварот не се надје некој хуман да отстапи простор, срамно и жално пишува еден од членовите на Фејсбук страната Ѕид на сообраќјниот срам.

Видеото погледнете го ОВДЕ.