Со позитивна мисла до топлина во душата

Студеното време, ниските температури и дождот, често знаат да предизвикаат нерасположение. 

Но, дали сме свесни колкава е моќта на позитивната мисла? 

Студија објавена во списанието „Emotion“, покажала дека носталгијата навистина предизвикува топли чувства. Што значи тоа? Дека и спомените може да не стоплат!

Учесниците во студијата кои се присетувале на некој носталгичен настан (наспроти обичен) имале поголема толеранција на интензивниот студ.

Па, следниот пат кога ќе чекате надвор на студен ден, повикајте ги оние среќни мисли да тлеат во вашиот ум, за да ви се стопли и телото и душата.