Со кредит од ЕБОР ланецот маркети КАМ ќе ги проширува своите капацитети

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) потпиша кредит во износ од шест милиони евра со малопродажниот ланец на маркети КАМ како поддршка на зелената експанзија.

Со овој кредит ќе се финансираат плановите на компанијата за проширување на ланецот на малопродажни маркети во земјата, реновирање на постоечките продавници и логистички капацитети со што ќе се унапреди нивната енергетска ефикасност покрај подобрувањата во останатите сегменти.

- “КАМ ќе користи средства за надградба на дистрибутивниот центар, а Банката ќе ја поддржи компанијата со тоа што ќе и помогне во имплементација на Методот за еколошка проценка на одржливоста и ефикасноста на изградените објекти (анг.BREEAM). Овој вид на сертифицирање е новитет на малопродажниот пазар во земјата и ги рангира објектите врз основа на нивните одржливи карактеристики. ЕБОР ќе ја поддржи компанијата во натамошниот развој преку советодавни програми финансирани од ЕУ, кои што ќе се фокусираат на неколку аспекти од работењето на КАМ вклучувајќи зајакнување на стратешкиот менаџмент и подобрување во корпоративното управување, се наведува во соопштението од Канцеларијата на ЕБОР во државава“ се вели во соопштението

ЕБОР има инвестирано над 2. 7 милијарди евра во 186 проекти, од кои скоро половина се во приватниот сектор. Приоритет на Банката за земјата, како што посочуваат, е да ја поддржува конкурентноста, зелената транзиција и натамошната интеграција во регионалните и глобалните пазари